Денес ќе биде погребана трагично загинатата кумановчанка

Сподели со своите пријатели

Жаклина Божиновска од Куманово која трагично го загуби животот во саботните поплави кај скопска обиколница ќе биде погребана денес на градските гробишта во Куманово.

Погребот на Божиновска е закажан за 15 часот, а по повод нејзината ненадејна смрт, денес од страна на Форумот на жени на ОО на СДСМ Куманово беше одржана комеморативна седница.

Божиновска беше вработена во Јавното претпријатие “Чистота и зеленило”.

Инаку, билансот на загинати лица во поплавите што го зафатија скопскиот регион се искачи за уште едно лице, а станува збор за 12 – годишно дете од Стајковци.

Удавеното тело е пронајдено од страна на неговиот татко, а по извршена идентификација по наредба на ЈО телото на починатото дете е предадено на фамилијата за погреб.

За исчезнато се уште се води и 18 – месечно бебе.