Деградирана шума и сува трева гореа во Четирце

Сподели со своите пријатели

Во атарот на кумановското село Четирце во текот на вчерашниот ден горела сува трева и нискостеблеста деградирана шума во пожар кој избувнал од засега непознати причини.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 11:50 до 13:„5 часот тројца пожарникари го гаснеле пожарот со едно противпожарно возило.

Сува трева и запален смет горел во селото Долно Којнаре во период од 14:25 до 15:40 часот.

На улицата „Анѓа Ранковиќ“ во населбата Перо Чичо исто така горела сува трева во период од 18:05 до 19:40 часот.

Leave a Reply