Де Хеа: Манчестер јунајтед треба да се обиде да ја освои Премиер лигата оваа сезона

Сподели со своите пријатели

Голманот на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа си постави цел да ја освои Премиер лигата оваа сезона.

Loading...

– Сезонава многу екипи се борат за освојување на Премиер лигата. Мора да сонуваме и да веруваме дека можеме да станеме шампиони оваа година и да се стремиме кон титулата.

Ова е многу чудна сезона. Да бидам искрен, има многу тимови кои се натпреваруваат за првото место, затоа мислам дека треба да бидеме многу концентрирани на секој натпревар и да се обидеме да го освоиме врвот, рече Де Хеа.

По 12 одиграни кола, Манчестер јунајтед се наоѓа на 8. место со 20 бода и има натпревар помалку.

На првите две места се Тотенхем и Ливерпул со по 25 бода.

Зоран Стерјовски

Leave a Reply