Данска: Трета европска земја што ќе воведе задолжителен воен рок за жените

Сподели со своите пријатели

Данските власти најавија дека планираат да воведат регрутирање на жени и да го продолжат времетраењето на воената служба.

Loading...

Планот е во следните пет години да се зголеми буџетот за одбрана за околу шест милијарди долари за да се исполнат целите на НАТО алијансата.

„Ние не се вооружуваме затоа што сакаме војна, туку затоа што сакаме да ја избегнеме“, рече Мете Фредериксен, премиерка на Данска.

Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, тензиите растат во Европа.

Оттогаш, воено-политичкиот сојуз доби две нови членки – Финска и Шведска – земји кои беа неутрални со децении.

Презентирајќи ги воените реформи, данскиот премиер рече дека владата се стреми да постигне „целосна родова еднаквост“.

„Засиленото регрутирање и целосната родова еднаквост треба да придонесат за решавање на одбранбените предизвици, националната мобилизација и надополнување на нашите вооружени сили“, рече министерот за одбрана Троелс Лунд Поулсен.

Во оваа скандинавска земја жените можеа да се пријават за воена служба, но доброволно.

Loading...

Данската влада планира да воведе регрутација на жени од 2026 година.

Така, таа ќе стане трета европска земја, заедно со Норвешка и Шведска, која ќе воведе задолжителен воен рок за жените.

Според плановите на Владата, воениот рок ќе биде продолжен од четири на 11 месеци и ќе важи и за мажи и за жени.

Минатата година воениот рок отслужиле 4.700 лица, од кои околу 25 отсто се жени.

Оваа година оваа бројка ќе се зголеми на 5.000 годишно.

Вооружените сили на Данска моментално брои околу 20.000 активен персонал, вклучувајќи околу 9.000 професионални војници.

Во земјата, која има вкупно речиси шест милиони жители, ќе се зголеми и финансирањето на вооружените сили – од сегашните 1,4 отсто од БДП на два отсто, за да се исполнат целите поставени од НАТО.

Минатата година пратениците гласаа за укинување на пролетниот банкарски празник за да се зголемат воените трошоци.

Loading...

Данска е една од европските земји што најсилно ја поддржува Украина во војната против Русија, обезбедувајќи ѝ напредно оружје и друга опрема и обучувајќи ги украинските пилоти на борбени авиони Ф-16 од американско производство.