Дали Роман Абрамович крие пари во германски компании?

Сподели со своите пријатели

Парите на Роман Абрамович, руски претприемач близок до Владимир Путин, биле инвестирани во најмалку пет германски компании, според доверливите документи на кипарската фирма за управување со средства МеритСервус кои го покриваат периодот од 2004 до 2022 година.

Loading...

Според тие документи, рускиот олигарх бил клиент на кипарската компанија најмалку до крајот на март 2022 година, пишува Дојче веле.

Абрамович е на листата на санкции на Европската унија од средината на 2022 година, што значи дека неговите пари инвестирани во Европа треба да бидат замрзнати.

„МеритСервус“ од април годинава се најде и на листата на санкционирани компании, која ја стави Велика Британија.

Одлуката е образложена со тоа што компанијата работела за Абрамовиќ.

Горенаведените документи се само дел од околу 400.000 документи кои протекоа од „MertServus“ и кои германскиот јавен сервис SWR ги доби на увид од американската организација за транспарентност „DDOS-Secrets“.

Истражувачкиот тим на SWR со месеци ги анализираше добиените документи кои содржат список со имиња на повеќе од 2.500 клиенти, мејлови, нотарски документи, копии од пасоши и банкарски документи.

Покрај тоа, извадоци од германскиот трговски регистар укажуваат дека и покрај санкциите, Абрамович би можел да има акции во најмалку три германски софтверски компании.

Loading...

Експерти: Протечените податоци содржат важни информации

Откако Русија го започна нападот врз Украина пред 16 месеци, истражителите ширум светот се обидуваат да го откријат имотот на руските олигарси, кои се сметаат за дел од рускиот моќен апарат.

Овие истраги често се неуспешни.

Експертите се жалат дека често само со помош на документи кои протекуваат во јавноста преку свиркачи може да се откријат скриените средства, бидејќи во спротивно основни информации за вистинскиот идентитет на сопственикот на бизнисот не се достапни.

„Финансискиот пазар сè уште е некако црна кутија“, вели експертот за перење пари Кристоф Траутфетер. Тој објаснува дека токму поради тоа нема никаква корист од многуте санкции.

Офшор компаниите на Абрамович

Така, досега за јавноста беше непознато дека парите на Абрамович завршиле во Берлин, каде што има седиште „Auto1“, стартап кој се рекламира како најголемата европска онлајн платформа за тргување со автомобили. Таа компанија вреди милијарди.

Во 2020 година, офшор компанијата „Ервингтон“, во целосна сопственост на Абрамович, имаше акции во тој старт-ап, според списокот на акционери на компанијата „Ауто1“.

Од документите на „MeritServus“ кои протекоа во јавноста, произлегува дека Абрамович инвестирал и во други берлински старт-ап – на пример, во медиумската компанија „Showheroes“, која работи на глобално ниво.

Таа, како и „Auto1“, ги добила парите преку офшор компанија наречена „Innes Worldwide Holdings Limited“.

Loading...

Во писмото од 2019 година, добиено од германските новинари на SWR, еден од директорите на MeritServus му рекол на основачот на Showheroes дека „г-дин Абрамович е последниот корисник на Innes Worldwide Holdings Limited“.

Фирмата на Абрамович купила акции во три други помали старт-ап компании кои се специјализирани за апликации.

Ниту една од тие компании, ниту „Showheroes“ не одговорила на прашањето на новинарот на SWR дали се свесни дека Абрамович инвестирал пари кај нив.

Добро познат инвеститор поврзан со Абрамович

Компанија која постојано се појавува во врска со инвестициите на Абрамович е инвестицискиот фонд „Таргет Глобал“, кој е основан пред десет години во Москва, а сега има седиште во Берлин.

Тој фонд се рекламира како инвеститор во повеќе од 100 стартапи во Германија, меѓу кои е и „Auto1“.

Претставникот на фондот негираше дека Абрамович инвестирал пари во „Таргет Глобал Холдинг Лимитед“ на прашање на SWR.

Сепак, од кипарските документи е очигледно дека рускиот олигарх во 2020 година дал заем од 15 милиони долари на подружница на „Таргет Глобал“ во целосна сопственост.

Претставничката на старт-апот „Авто1“ потврди дека „фирми од Таргет“ инвестирале во „Авто1“, но, вели таа, „тоа било многу години пред првите санкции“.

Loading...

Таа додаде и дека во меѓувреме има само „ограничено знаење“ за сопствениците на акциите, со оглед на тоа што компанијата котира на берзата од февруари 2021 година.

На една листа на акционери во стартапот од 2021 година, меѓу 35-те акционери се седум чии имиња го вклучуваат зборот „Таргет“.

Компанијата на Абрамовиќ Ервингтон се споменува и во кипарските документи кои SWR ги погледнала, заедно со „Таргет-фирми“.

Пратеникот на СПД бара забрана на даночните раеви

Кристијан Траутфетер смета дека за имплементација е проблематично тоа што името на сопственикот мора да се запише во регистарот само доколку поседува повеќе од три отсто од акциите.

„Малцинските влогови во милиони понекогаш дури и не мора да се пријават. Затоа е многу веројатно дека руските олигарси сè уште имаат непознати проценти од сопственоста во германските компании, а тоа дури и не е незаконско“, вели експертот.

Себастијан Фидлер, пратеник на владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД) во Бундестагот и експерт на партијата за проблемот со перење пари, не беше изненаден од резултатите од истражувањето на новинарот на SWR.

Loading...

„Протечените документи покажуваат колку се важни тајните финансиски места за руските олигарси да инвестираат пари во германски компании.“

И Фидлер бара не само забрана за користење на одредени форми на капитални компании од Британските Девствени Острови или Кајманските Острови, туку и парични казни ако не веднаш на прв поглед се гледа што на кого му припаѓа.

Минатата недела министрите за правда на земјите-членки на ЕУ договорија казни за прекршување на санкциите.

Ова треба да важи и за лица кои имаат деловни односи со одредени компании.

„Многу членки на ЕУ беа многу слабо опремени за спроведување санкции“, вели Фидлер.

Loading...

Затоа бара проширување на надлежноста на Европското државно обвинителство.

Роман Абрамович не одговорил на повеќекратните барања на новинарите на SWR да ги коментира спорните инвестиции.