Дали повеќе одиме кога користиме апликации за мерење на нашите чекори?

Сподели со своите пријатели

Пешачењето има многу позитивни ефекти врз нашето здравје: го зајакнува срцето, го подобрува менталното здравје и придонесува за подолг живот.

Loading...

Поради овие придобивки, зголемувањето на бројот на чекори може да биде одлична новогодишна резолуција.

Можеби е тешко да го зголемите бројот на чекори кога времето станува постудено.

 

 

Сепак, истражувачите открија едноставен трик што ќе ви помогне да ја постигнете целта и покрај сите предизвици.

Една нова студија објавена во британскиот весник за спортска медицина покажа дека со користење на апликација за фитнес-следење може да се зголеми бројот на чекори за 1.850 чекори на ден, во просек.

Loading...

Истражувачите ги анализирале резултатите од 28 различни студии спроведени врз возрасни групи од 18 до 65 години, кои ги разгледувале нивните активности.

 

 

Тие заклучија дека апликациите за следење на физичката активност се поефикасни во поттикнувањето на физичката активност.

Оние кои ги користеле овие апликации оделе околу еден километар повеќе секој ден отколку оние кои не ги следеле апликациите.

Имајќи го ова предвид, ако барате начин да ја започнете 2021 година поздраво, започнете да користите некоја од апликациите кои ќе ги бројат вашите чекори.

Leave a Reply