Дали денеска НАСА ќе испише нова историјата на човештвото?

Сподели со своите пријатели

Денес, за прв пат во историјата, хеликоптер можеби ќе полета над површината на друга планета.

Loading...

Имено, малиот хеликоптер Ingenuity на НАСА, кој пристигна на Марс заедно со роверот Perseverance во февруари годинава, треба да полета за прв пат денес.

Како што објави НАСА, денес треба да се тестира хеликоптерот тежок само 1,8 килограми, но летот на Марс е покомплициран отколку што се чини.

Имено, атмосферата на Марс е многу поретка од атмосферата на Земјата, што значително го комплицира летот. Покрај тоа, хеликоптерот се соочува со екстремни услови на Марс, температура од минус 90 степени Целзиусови и мала гравитација.

За време на пробниот лет, хеликоптерот тежок околу 1,8 килограми ќе лета до висина од околу три метри, ќе остане на едно место 30 секунди, а потоа ќе се врати на површината на Марс.

Хеликоптерот се напојува со литиумски батерии и има капацитет за уште неколку обиди за лет.

Првиот лет на минијатурниот хеликоптер требаше да се изврши пред една недела, но НАСА го одложи поради технички проблеми.

Роверот Perseverance пристигна на Марс во февруари и помина 472 милиони километри за 203 дена лет.

Loading...

Тој слета во исушениот кратер Езеро, долг 45 километри, и треба да го прегледа во следните две години.

 

Leave a Reply