Црвениот крст додели помош за 60 семејства во Куманово и Старо Нагоричане (фото)

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на Црвен крст Куманово, организираше низа предновогодишни активности за помош на семејствата од социјален ризик.

 

Loading...

 

Во  предновогодишниот период, екипите на Црвениот крст Куманово се погрижија во рамките на своите можности да обезбедат пакети со храна, хигиенски препарати и облека за 30 социјално најзагрозени семејства од Куманово и Старо Нагоричане.

 

 

– Во текот на месец декември обезбедивме и хуманитарна помош која се состоеше од храна за бебиња, пелени и облека за приближно 60 семејства од населбата Средорек. Црвен Крст Куманово ќе продолжи и во текот на 2018 година заедно со општествено одговорни граѓани и претпријатија од градот да помагаме на оние на кои помошта им е најнеопходна, велат од ОО Црвен Крст Куманово.

 

Loading...