Црна Гора забрани одредени емисии на српската телевизија Хепи

Сподели со своите пријатели

Црногорската агенција за електронски медиуми денеска забрани емитување на одредени програмски содржини на српската телевизија Хепи поради навреди на Црногорци и пратеници во Собранието на Црна Гора.

Loading...

Телевизијата Хепи е национален фреквентен медиум во Србија, а во Црна Гора се емитува преку кабелски оператори.

Со одлука на Советот на црногорската агенција за електронски медиуми, на црногорскиот пазар се забранети емисиите Добро јутро Србијо, Викенд, Јутарњи, Ќирилица и Послије ручка.

Претседателот на Српската радикална партија и хашки осуденик Воислав Шешељ, за време на гостувањето на телевизија Хепи на 4 јануари, ги навредувал жените од старата црногорска престолнина Цетиње и пратеничката на Социјалдемократската партија Драгиња Вуксановиќ-Станковиќ.

Навредите на Шешељ предизвикаа бројни реакции кај политичките партии и невладините организации во Црна Гора, а СДП најави и тужба против ТВ Хепи за навреди за време на говорот на Шешељ.