Црква, Италија и криминал: Дон Евро – свештеник кој вршел изнуди и трошел на луксуз

Сподели со своите пријатели

Поранешен италијански свештеник, познат по прекарот Дон Евро поради постојаните барања до верниците да му платат финансиски придонеси, е осуден на седум и пол години затвор поради изнуда.

Loading...

Според судот во Италија, Лука Морини изнудувал пари од поранешниот владика.

Морини ѝ бил познат на италијанската јавност по голем број скандали.

Во пресудата Морини е прогласен за виновен и за лажно претставување. Тој се претставил како судија додека ангажирал машки сексуални работници.

Морини беше ослободен по неколку точки од обвинението, а една од нив е изнуда на пари од калуѓерка.

Тој бил свештеник во тосканскиот град Понтасерсио, северно од градот Пиза.

 

Loading...

 

На почетокот оставил добар впечаток кај мештаните, но брзо го добил прекарот Дон Евро бидејќи постојано барал од нив финансиски придонеси.

Собраните пари Морини не ги користел за црквата, туку за забави, излегувања по клубови и купување дијаманти.

Судот утврдил дека Морини изнудувал пари од Џовани Сантучи, поранешен бискуп во провинцијата Маса Карара.

Уценет, Сантучи му дал на Морини стотици илјади евра, и му купил куќа.

Според одлуката на судот, Морини ќе треба да плати 14.000 евра на четворица мажи за кражба на идентитет.

Обвинителството бараше подолга затворска казна, но судот со образложение дека Морини е ментално болен, одлучи таа да биде нешто пократка.