Четвртина од Австријците се за укинување на санкциите

Сподели со своите пријатели

Австријците се целосно поделени по прашањето за санкциите против Русија, покажува истражувањето на јавното мислење „Австрија тренд“ за агенцијата АПА и телевизијата АТВ.

Loading...

Така, 26 отсто од Австријците се за целосно укинување на санкциите, а 12 отсто сметаат дека тие треба да се релаксираат.

Една петтина, пак, сметаат дека санкциите треба дополнително да се заострат, а 19 отсто се со ставот дека треба да се задржат такви какви што се.

Во исто време, 42 отсто од Австријците се на мислење дека санкциите против Русија не функционираат, ниту ќе функционираат во иднина.

Само 11 отсто велат дека веќе се гледа дека санкциите јасно функционираат, а 28 отсто се убедени дека ќе покажат ефект на среден и долг рок.

Исто така, 46 отсто од австриските граѓани се убедени дека санкциите и штетат на ЕУ повеќе отколку на Русија, а само 14 отсто се сигурни дека тие повеќе и штетат на Русија.

Од друга страна, 24 отсто велат дека санкциите им штетат на двете страни.

Зголемувањето на цените, како што покажува истражувањето, сѐ уште е голем проблем за Австријците.

Loading...

Тоа што поскапуваат енергенсите и храната 28 отсто го окарактеризирале како „многу голем проблем“, а други 42 отсто велат дека тоа им е проблем.

Само шест отсто тврдат дека немаат проблем со поскапувањето.

Така, 43 отсто се изјасниле дека се воздржуваат при купување, пред се облека, електроника и додатоци, како и дека штедат енергија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.