Четврта сесија од Проектен форум во Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Работата на форумот составен од граѓаните, е на крајот од работата од овој циклус. Во четврток, во 11.00 часот, во холот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, закажана е четвртата сесија од проектниот форум, кој Општината Куманово го спроведува  во соработка со УНДП, преку проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

Loading...

На сесијата граѓаните треба да ги изберат проектите што ќе бидат финансирани со проектен фонд од 50.000 швајцарски франци (CHF).

Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.

Форумскиот процес е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, чија втора компонента е зајкнување преку мали грантови за приоритетни мерки на општините, избрани преку јавни консултации.

Leave a Reply