Четири нови астронаути пристигнаа на Меѓународната вселенска станица

Сподели со своите пријатели

Четворица астронаути, тројца од НАСА и еден од ЕСА, пристигнаа денеска на Меѓународната вселенска станица (МСС) со капсула „Crew Dragon“ прикачена на ракета „Фалкон 9“ од Space X.

Loading...

Планирано е да останат на станицата шест месеци, објави Ројтерс.

Летот траеше 21 час, откако тимот полета од вселенскиот центар Кенеди од Кејп Канаверал во американската држава Флорида.

 

 

Капсулата слета на ISS околу 18 часот и 30 минути.

Екипажот го сочинуваат астронаутите Раџе Чарих, Кајл Барон и Том Маршбурн од САД и Матијас Мурер од Германија.

Loading...

Летот првично беше закажан за 31 октомври, но беше одложен, прво поради временските услови, а потоа поради „ситни медицински проблеми“ поврзани со екипажот, а НАСА соопшти дека овие причини немаат врска со Ковид-19.