Четири лица загинаа во напад на американскиот конвој во Нигерија

Сподели со своите пријатели

Вооружени напаѓачи вчера нападнаа американски конвој во југоисточниот дел на Нигерија, кога според официјални извори, загинале четири лица кои не биле американски државјани, а тројца биле киднапирани.

Loading...

„Ниту еден американски државјанин немаше во конвојот“, изјави портпаролот на нигериската полиција Икенга Точукву, што беше потврдено од Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа.

Напаѓачите убиле двајца агенти на мобилните полициски сили и двајца вработени во американскиот конзулат, а потоа го запалиле возилото, изјави портпаролот на нигериската полиција Тошукву.

Нападот се случил вчера во 15:30 часот по локално време во областа Огбару во нигериската држава Анамбра, соопшти полицијата.

Полициски сили биле испратени на местото на нападот, но напаѓачите успеале да киднапираат двајца полицајци и еден возач, додаде Тошукву.

Во полициското соопштение се додава дека синоќа е започната спасувачка акција.

Џон Кирби им потврди на новинарите во Вашингтон дека овој напад се случил.

„Беше нападнат американски конвој со повеќе возила. Она што можам да ви кажам е дека нема загинати американски државјани“, додаде тој.

Loading...

Стејт департментот на САД соопшти дека американскиот дипломатски персонал во Нигерија соработува со нигериските безбедносни служби на истрага.