Чаеви што можат да ви помогнат да се смирите и заспиете полесно

Сподели со своите пријатели

Во последните година дена скоро и да нема човек кој не е под стрес, а тоа резултира со несоница кај многумина.

Loading...

Иако постојат одредени лекови за такви болести, луѓето честопати бараат помош од природата пред да посегнат по нив.

Чаевите се корисни, дејствуваат брзо, ги релаксираат срцето и мускулите, може да се користат повеќе пати на ден и ретко предизвикуваат несакани ефекти.

Но, важно е да се знае дека големи количини на билни чаеви се извор на биоактивни соединенија кои можат да влијаат на ефективноста на некои лекови, како и на одредени телесни функции.

 

 

 

Loading...

Чај од камилица

Чајот од камилица се користи за смирување, намалување на анксиозноста и проблеми со спиењето.

Неговите корисни ефекти се познати уште од римско време, и многу студии го потврдија смирувачкиот ефект на камилицата.

Ова се припишува на антиоксидантот апигенин и флавоноиди кои, врзувајќи се со рецепторот во мозокот, имаат способност да ја намалат анксиозноста и да го подобрат квалитетот на спиењето.

Но, чајот од камилица не треба да се конзумира две недели пред операцијата бидејќи поради присуството на кумарин во камилицата може да има благ антикоагулантен ефект.

 

 

Loading...

 

Чај од лаванда

Лавандата е исто така една од растенијата што се користела уште од античко време за смирување, релаксација и поквалитетен сон.

Чајот од лаванда содржи хемиски соединенија линалил ацетат и линалол, кои работат на намалување на анксиозноста и депресијата и олеснување на несоницата.

Исто како кај чајот од камилица, чајот од лаванда не треба да се консумира две недели пред закажаната операција.

 

 

Loading...

 

Чај од мајчина душица

Иако чајот од мајчина душица има и релаксирачко дејство и го подобрува расположението, ја намалува вознемиреноста и стресот и помага при проблеми со варењето на храната, треба да се внимава на неговата консумација.

Поради можниот ефект врз намалувањето на нивото на шеќер во крвта, на дијабетичарите им се препорачува да го следат нивото на гликоза во крвта повнимателно кога користат мајчина душица.

Исто така, може да влијае на функцијата на тироидната жлезда и не се препорачува за луѓе со болест на тироидната жлезда, и исто како и претходните чаеви – не треба да се консумира две недели пред операцијата.

 

Loading...

 

 

Чај од валеријана

Валеријана е едно од најпознатите лековити растенија во светот и е синоним за природен седатив.

Loading...

Се користи за нервоза и вознемиреност, но не е антидепресив. Меѓутоа, ако претерате со неговата употреба, тоа може да предизвика чувство на тапост, поспаност, па дури и намалување на крвниот притисок.

Не се препорачува да се консумира во комбинација со седативи или хипнотици.

 

Leave a Reply