Центар за упатување жртви на сексуално насилство отворен во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Центар за упатување жртви на сексуално насилство денеска беше отворен во Општина болница Куманово. Отворањето е поддржано од Владата на Република Македонија Агенциите на Обединетите нации УНДП и УНФПА, во соработка со невладината „ХЕРА“.

 

Loading...

 

Центарот е сместен во просторот на поранешната хирушка амбуланта, во подрумскиот дел од медицинската установа.

 

 

На настанот во кругот на кумановската болница, присуствуваа повеќе министри од Владата, градоначалникот Максим Димитриевски, како и постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Луиза Винтон.

 

Loading...

 

Како што посочи Винтон елимионирањето на насилството против жените е навистина врвен приоритет на Обединетите нации.

– Кога ги споредувавме условите што се предвбидени во конвенцијата со тоа што во реалноста постои во Македонија навистина бевме шокирани што во државата немаше ниту еден центар каде жртвите на сексуално насилство можат да се обратат да добијат здравствена заштита и да бидат сослушани од полицијата. Наместо да добијат помош и поддршка на едно место жртвбите досега мораа да патуваат на различни места , различни канцеларии, постојано да ја раскажуваат топртурата за тоа што им се случило и да се чувствуваат пониежени, да не им се верува, па дури понекогаш да се почувствуваат и виновни за чинот што се случил против нив, изјави Винтон.

 

 

Според Винтон, националните статистики се ниски, но не затоа што сексуалните напади не се случуваат, туку затоа што жртвите не ги пријавуваат.

Нашата цел со формирањето на овие центри е на едно место да обезбедиме секаква поддршка која им е потребна на жртвите, не тоа да го направиме за да им помогнеме на институцуиите, туку навистина жртвите да го сочуваат човечкото достоинство, вели Винтон.

Како што изјави директорката на Општа болница Куманово, Сенжана Захариева, патот од иницијатива до реализација бил краток, а тоа ќе им помогне на жртвите адекватно да бидат третирани. Оној што треба да се срами, вели Захариева, е починителот на вакво дело, а не жртвата.

– Ние имаме обучени тимови од акушери, гинеколози и останати тимови на здравствени работници, психолози, социјален работник и координаторот ќе биде одговорната сестра на болницата која ќе има задача по пријавување на ваков случај во Гинеколошката амбуланта или Ургентен центар да ги собере целиот тим така да на едно место и во исто време жртвата ќе може да биде адекватно обработена и да и биде пружена не само здравствена помош, туку и психолошка, правна помош, безбедност од СВР Куманово и понатамошен третман од Центарот за социјални грижи, изјави Захариева.

 

 

На отварањето на Центарот присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче кој вели дека во следниот период уште два вакци центри ќе бидат отворени во други градови во Македонија.

– Овие центри ќе работат со критериумите на Советот на Европа и Обединетите нации и стандардните оперативни процедури ќе се донесат следната недела на седница на Владата. Искрено се надевам дека овие центри ќе имаат многу малку работа, посветени сме во борба против насилството, но и спремни согласно светските критериуми да одговориме и дадеме соодветен третман на овие жртви, изјави Филипче.

 

Loading...

 

Според Мила Царовска, министер за труд и социјална политика, овие центри треба да понудат заштита од сексуално насилство.

– Со овој мултисекторски пристап каде Министерството за внатрешни, Министерството за здравство стојат позади тоа да нема насилство во Македонија сметам и дека конечно ќе се придвижиме кон создавање на една ненасилна атмосфера и ќе го искорениме или намалиме насилството колку што може, рече Царовска.

 

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека отварањето на овие центри значи првенствено заштита на жртвите и борбата против сексуалното насилство.

– Да им помогнеме како да застанат на нозе и да чекорат заедно напред. Затоа ние во Владата врз основа на тие определби пред се ја прифатиме Истанбулската конвенција, а заедно со колегите Филипче и Царовска и со помош на УНДП започнавме да реализираме еден ваков проект. Се надевам дека ќе имаме сериозен успех ќе ја подигнеме свеста кај граѓаните да соработуваат да ги пријавуваат ваквите настани, МВР е и ќе биде понатаму еден од партнерите кои сериозно ќе помогне во борбата за заштита на жртвите од сексуално насилство, изјави Спасовски.

 

 

Loading...

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски се заблагодари во името на граѓаните за поддршка на уште еден проект од страна на УНДП.

– Верувам дека истиот ќе даде допринос жртвите од сексуално насилство кои ги имаме на територијата на нашата општина и во регионот, едноставно најдат место каде ќе можат тоа да го предочат и да дадат до знаење дека тоа се случува, имаме случаи кои се евидентирани во минатото, но верувам дека токму овој центар ќе даде свој допринос оваа табу тема која беше забранета тема во општеството на овој начин се афиримира во јавноста и реалниот број на жртвите во Куманово и Република Македонија се намали, изјави Димитриевски.

 

 

Иницијативата на Агенциите на Организацијата на обединетите нации за отварање на Центри за упатување жртви на сексуално насилство е вредна 400.000 американски долари.

Leave a Reply