Цените на нафтата благо ослабеа пред податоците за инфлацијата во САД

Сподели со своите пријатели

Цените на нафтата благо се намалија во четвртокот на меѓународните пазари, бидејќи шпекулациите за ново зголемување на каматните стапки во Соединетите Американски Држави (САД) избледеа по објавувањето на податоците за инфлацијата.

Loading...

Цената на барелот на лондонскиот пазар ослабе во однос на претходното затворање за 23 центи на 87,32 американски долари.

Во Њујорк барелот се продаваше за 37 центи пониско, по 84,03 долари.

Цените на двата пазари континуирано растат од јуни. Цената во САД во четвртокот ја достигна највисоката вредност годинава, а во Лондон највисоката цена од јануари, пренесува Хина.

Цените на нафтата пораснаа во последниве денови, поттикнати од продолжувањето на намалувањето на производството во Саудиска Арабија, а стравувањата за снабдување се поттикнати од можноста конфликтите меѓу Русија и Украина во регионот на Црното Море да ги загрозат испораките на руската нафта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цената за регистрација на автомобилите ќе остане иста

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) одделно објави дека во средата барел од нафтената кошница на нејзините членки поскапе за 59 центи на 88,2 американски долари.