Цариниците на Табановце запленија дрон

Сподели со своите пријатели

Дрон марка PHANTOM 4, 4 дискови за кочници за товарни возила и 4 ролни со фолија за дигитално печатење, биле откриени при контрола на македонски автобус,, управуван од македонски државјанин и пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Loading...

Како што информираат од Царинската управа на Република Северна Македонија, непријавениот дрон бил пронајден во кутија, сместена во багажниот простор на автобусот, за која возачот изјавил дека не знаел што содржи, додека дисковите за кочници и фолиите биле пронајдени во внатрешноста на 4 употребувани гуми, исто така сместени во просторот за багаж.

Непријавените производи, како што информираат надлежните, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Leave a Reply