Бугарин приведен на Табановце со осум мигранти

Сподели со своите пријатели

На Граничниот премин Табановце, вечравечер во 23.30 часот, при преглед на товарно возило „Форд Транзит“ со бугарски национални ознаки, управувано од П.П.(47) од Република Бугарија, во кровниот дел од возилото, во наменски прилагоден простор, царински и полициски службеници пронашле осум лица – мигранти од Ирак, кои не поседувале документи за идентификација, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што додаваат од полицијата, возачот П.П. бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Leave a Reply