Бугарија ќе ги објави имињата на Македонците со бугарски пасоши?

Сподели со своите пријатели

Пратениците во бугарскиот Парламент, во прво читање, гласаа за измените во Законот за бугарско државјанство со кои јавно ќе биде објавен регистарот на сите лица кои имаат бугарски пасош.

Loading...

„Церемонијата за добивање бугарско државјанство ќе биде свечена и јавна. Регистарот на сите приматели на бугарско државјанство станува јавен. Со најновата измена јавно ќе бидат познати сите наши сонародници од Република Северна Македонија кои се стекнале со бугарско државјанство во последните 22 години врз основа на докажано бугарско потекло и декларација за бугарска самосвест. Така, овие над 120.000 македонски Бугари, меѓу кои има и многу поранешни и сегашни политичари, пратеници, министри, градоначалници, раководители на сектори, раководители на партии, сопственици на медиуми и телевизии, новинари, коментатори, како и нивните семејства ќе бидат јавно заштитени од омразата, говорот и дискриминацијата на македонските институции поради тоа што се чувствуваат Бугари. Оние кои се ‘принудени’ да се претворат во јавни бугаромразичи само за да го сокријат своето бугарско потекло и самосвест нема да имаат повеќе причина да го прават тоа, напиша на Фејсбук бугарскиот европарламентарец Андреј Ковачев, а пренесува МКД.мк

Инаку Бугарија гласа измени на законот за добивање бугарско државјанство, па така лицето ќе мора само да има чисто криминално досие и да го познава јазикот, како и доказ за бугарско потекло.