Британската војска мора вистински да се подготви за војна, предупредија поранешните официјални лица

Сподели со своите пријатели

Британската војска мора „вистински да се подготви за војна“ за да може да ги одврати заканите, а сегашната големина на вооружените сили е веќе под „критичната маса“, предупреди група поранешни британски шефови за одбрана и безбедност.

Loading...

Британската мрежа „Њу Блечли“ денеска објави дискусија во која на 27 февруари учествуваа поранешниот секретар на британскиот кабинет и советник за национална безбедност Марк Седвил, поранешниот шеф на НАТО и поранешен секретар за одбрана Џорџ Робертсон и поранешниот началник на британските вооружени сили, генерал Дејвид Ричардс.

Поранешните функционери изјавија дека кредибилитетот и борбената моќ на британската војска опаѓа повеќе од 20 години, како и дека моралот на армијата е низок.

Поранешните функционери повикаа на нов модел за британската војска што ќе и овозможи да биде подготвена за војна.

Тие посочија дека Велика Британија мора да им сигнализира на своите противници дека е воено силна и сака да стане посилна, а во исто време нема интерес прво да нападне кој било „неагресивен град или земја“, објави Скај њуз.

Дискусијата се одржа во услови на зголемена загриженост поради неуспехот на британската влада да ги зголеми трошоците за одбрана во буџетот, и покрај предупредувањето на министерот за одбрана Грант Шапс дека светот е во опасност од војна и дека Русија се уште води голема војна во Украина, пренесува Танјуг.