Британска влада: Граѓаните и стопанствениците не се подготвени за Брегзит без договор

Сподели со своите пријатели

Британската влада проценува дека граѓаните на Велика Британија и бизнисмените не се подготвени да ја напуштат Европската унија без договор.

Loading...

Ова се наведува во документот објавен денес на барање на британските пратеници, во кој се детализира најлошото сценарио во случај Велика Британија да ја напушти ЕУ без договор.

Владата соопшти дека „подготвеноста на јавноста и на бизнис заедницата за излез без договор ќе ќе остане на ниско ниво“ пред предвидениот датум за излегување на Велика Британија од Европската унија.

Брегзит е закажан за 31 октомври.

Според проценките на владата, бројот на камиони што минуваат низ каналот Ла Манш би опаднал меѓу 40 и 60 проценти во истиот ден, а проблемите би можеле да траат три месеци.

Во документот се наведува и дека во најлошото сценарио „снабдувањето со одреден вид свежа храна ќе се намали“ и дека цените ќе се зголемат.

Документот беше објавен откако беше побарано од пратеници во британскиот парламент.

Тоа е уште една фаза во судирот меѓу владата и парламентот, интензивиран денес со одлука на шкотскиот суд дека одлуката за запирање на работата на британскиот парламент пред Брегзит е обид да се избегне демократска контрола и најавата на британската влада дека одлуката ќе биде обжалена.

Loading...

Leave a Reply