Британија: Бројот на руските жртви е сличен на советскиот во Авганистан

Сподели со своите пријатели

Русија најверојатно претрпе слични загуби во првите три месеци од војната во Украина како и Советскиот Сојуз за време на деветгодишната војна во Авганистан, објави британското Министерство за одбрана во најновиот разузнавачки извештај во понеделникот.

Loading...

Високиот број на загинати војници, забележан во офанзивата во Донбас, може да се објасни со комбинација на лоша тактика, ограничена воздушна поддршка, недостаток на флексибилност и „команден пристап што го засилува неуспехот“, се вели во извештајот.

 

 

Министерството за одбрана предвидува дека овие жртви, кои продолжуваат да се зголемуваат, ќе станат поочигледни за руската јавност и дека „јавното незадоволство од војната и подготвеноста да се изрази може да расте“.

Советскиот Сојуз загуби најмалку 15.000 војници во Авганистан, каде што се обиде да одржи комунистичка влада. Војната влезе во крвав ќор-сокак и се смета дека е еден од факторите што придонеле за распадот на Советскиот Сојуз.

 

Loading...

Кремљ: Милитаризацијата на Европа нема да ја зајакне нејзината безбедност

 

Рускиот фокус Северодонецк би можел да ја доживее судбината на Мариупол

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во неделата дека Украина губи меѓу 50 и 100 животи дневно на истокот на земјата.

Тој не појасни дополнително, но се чини дека неговите коментари се повикување на воените загуби и знак за тоа колку жестоки се борбите на истокот на земјата.

 

Руски војник осуден на доживотен затвор за воени злосторства во Украина

 

Loading...

Руските сили ги засилија напорите да ги окупираат градовите во источниот регион Донбас, со посебен фокус на градот Северодонецк.

Главниот штаб на украинските сили објави во понеделникот во најновиот извештај дека „непријателот“ ја интензивирал употребата на авиони за уништување на главната инфраструктура на Украина во областа на активните борбени операции.

Украина одби 11 непријателски напади на исток во последните 24 часа, се додава во извештајот.

 

 

Украина: Ќе го заплениме имотот на луѓето кои ја поддржаа руската инвазија

 

Регионалниот гувернер Серхи Каидаи рече дека Москва ги повлекува силите од регионот Харков, војниците вклучени во опсадата на Мариупол, проруските сепаратистички милиции, па дури и свежо мобилизираните трупи од Сибир – и ги концентрира во регионите Доњецк и Луганск.

Loading...

Украинската комесарка за човекови права Људмила Денисова рече дека градот Северодонецк може да доживее судбина слична на Мариупол.

Северодонек се наоѓа во регионот Луганск и има околу 100.000 жители.