Кремљ: Милитаризацијата на Европа нема да ја зајакне нејзината безбедност

Сподели со своите пријатели

Милитаризацијата на Европа нема да ја зајакне нејзината безбедност и стабилност, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

Песков додава дека шефот на европската дипломатија Јосеп Борељ и покрај функцијата не е апологет на дипломатски решенија, туку е склон кон агресивни чекори.

 

Украинскиот парламент ги забрани руските воени симболи

 

Имено, Борељ претходно изјави дека ситуацијата во Европа на безбедносен план, а во светло на руската специјална операција во Украина, зборува за потребата од формирање заеднички европски вооружени сили.

„Се работи за идејата за милитаризација на Европа, како и за продолжување со пумпање оружје во Украина. Сето ова заедно не придонесува за зајакнување на безбедноста и стабилноста на европскиот континент“, рече Песков.

Зборувајќи за Полска и политиката што Вашрва ја води кога станува збор за Русија, истакна дека таа се граничи со лудило. Имено, Полска одлучи предвреме да го раскине договорот за набавка на руски гас, иако тој беше во сила до крајот на 2022 година.

Loading...

 

Украинскиот парламент ги забрани руските воени симболи

 

„Што ќе се случи понатаму сега е многу тешко да се предвиди. Што се однесува до транзитот на гас, и таа тема бара многу внимание. Но, не треба да го игнорираме фактот дека постојат алтернативни рути за испорака на тој извор на енергија, кои се многу активни“, додаде тој.

За размена на затвореници

Песков се осврна на прашањето за размена на затвореници од „Азовстал“ на украинскиот политичар Виктор Медведчук, велејќи дека такво нешто најверојатно не е можно бидејќи се работи за „разни категории“.

 

Украинскиот парламент ги забрани руските воени симболи

Loading...

 

– Веќе кажавме дека Медведчук е државјанин на Украина и нема никаква врска со Руската Федерација. Плус не е војник, рекол тој.

Песков не сакаше да одговори на прашањето дали затворениците од Азовстал ќе бидат разменети за руски војници, но рече дека и покрај се, процесот на размена на затвореници во ниту еден момент не бил запрен.