Браќа во Куманово го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка

Сподели со своите пријатели

Двајца браќа од Куманово вчера го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, информира денеска полицијата.

Loading...

– На 12.01.2024 година во СВР Куманово било пријавено дека на улицата “Веселин Маслеша” бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.К.(32) и неговиот брат А.К. (30) од Куманово, стои во соопштението на Секторот за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца кумановци, полицијата им пронашла различни видови наркотици