Борисов: Европа да ја исправи неправдата кон Западен Балкан

Сподели со своите пријатели

Европската унија би требало да ја исправи неправдата кон Западен Балкан, порача бугарскиот премиер Бојко Борисов на Светскиот економски форум во Давос.

Како наведува БТА, Борисов за време на обраќањето во Давос се фоксурал на Западен Балкан и потребата меѓународната заедница да го поддржи развојот на земјите во тој регион.

Потсетувајќи на војните, катастрофите низ кои минала Европа, Борисов рекол дека последиците од конфликтите од деведесетите години на Западен Балкан и натаму се присутни.

– Постои неправда која Европа треба да ја исправи – Западен Балкан. Тие земји даваат се од себе за да ги исполнат барањата кои се поставуваат пред нив, а ние – нивните соседи, партнери, земји членки на ЕУ исто така би требало да направиме се што е потребно за да напредуваат во нивната интеграција, рекол Борисов.

Тој повторил дека засега балканските земји подготвуваат членство во НАТО и ЕУ, најдоброто време да се поддржи развојот на нивната сообраќајна, комункациска, енергетска и еколошка инфраструктура на таков начин што се обебзеди најголем корист на нив и остатокот од Европа, рекол Борисов.

Борисво за време на дискусијата на форумот во Давос исто така претставил други приоритети на бугарското претседателство со ЕУ – иднина на Европа и младите, безбедност и стабилност во силна и обединета Европа, дигиратална економија и вешта иднина.