Борел го повика СБ на ОН да воспостави прекин на огнот во Газа

Сподели со своите пријатели

Високиот комесар на Европската унија за надворешна политика и безбедност Џозеп Борел го поздрави апелот на потпретседателката на Соединетите Американски Држави (САД) Камала Харис за прекин на огнот во Појасот Газа, велејќи дека сега Советот за безбедност на Обединетите Нации можат да донесат резолуција за таков чекор.

Loading...

– Се приклучувам на повикот на американската потпретседателка Камала Харис за итен прекин на огнот во Газа. Не треба да има никаква пречка за резолуцијата на Советот за безбедност на ОН во оваа смисла – напиша Борел на социјалната мрежа Х.

САД претходно го искористија своето вето за да блокираат неколку резолуции за прекин на огнот во Газа.

Согласувајќи се со американскиот потпретседател дека премногу луѓе се убиени во Газа од 7 октомври, Борел го повика Израел да дозволи непречен хуманитарен пристап до Палестинците во Газа.

– Време е Советот за безбедност на ОН да дејствува – изјави шефот на дипломатијата на ЕУ Борел.

Говорејќи во неделата во американската сојузна држава Алабама, Харис рече дека е неопходно да се воспостави прекин на огнот во Газа.

„Со оглед на огромниот размер на страдање во Газа, мора да има итен прекин на огнот најмалку во следните шест недели, што во моментов е на маса“, рече Харис.