БОРБА НА ПИТОН И КОБРА: Крволочни змии во битка која кого ќе изеде! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Возачи во Тајланд наишле на необична глетка покрај патот. Ја снимике борбата за живот и смрт на два рептили, поточно борбата меѓу питонот и кралската кобра.

Loading...

Видеото е снимено во областа Након Си Тамара и прикажува питон обвиткан околу црна кралска кобра додека таа му копа отровни заби во вратот и на тој начин полека го убива.

„Една од тие две змии се бореше за живот, а другата сакаше да си го задоволи гладот. Среќен сум што можев да видам ваков редок настан“, изјавил Аночит Преча, еден од возачите кои биле сведоци на настанот, пренесува Дејли Мејл.

Можно е кралската кобра прва да нападнала бидејќи овој вид е познат како оној кој се храни речиси исклучиво со други змии.

Како што може да се види на видеото, питонот даваше отпор неколку минути, но поради отровот во телото немаше многу шанси.

Тој полека умирал додека кралската кобра го проголтала цел.

 

Loading...