Бомбашки напад врз пакистанската армија: Убиени двајца војници

Сподели со своите пријатели

Во експлозија на бомба покрај пат во северозападен Пакистан, двајца војници загинаа, а 15 се ранети, соопштија официјални лица.

Loading...

Нападот се случил во градот Дера Исмаил Кан, поранешен упориште на пакистанските талибанци во провинцијата Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан, изјави претставник на полицијата, пренесува АП.

Агенцијата соопшти дека сè уште ниту една група не ја презела одговорноста за нападот, но дека сомнежот најверојатно ќе падне на пакистанските талибанци, кои ја презедоа одговорноста за претходните напади врз безбедносните сили.

Пакистанските талибанци, познати како „Техрик-е-Талибан Пакистан“ (ТТП), се милитантна фундаменталистичка група, а пакистанските сили во понеделникот ги нападнаа нивните засолништа во Авганистан, што официјален Кабул го осуди.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ отвора нова истрага против Мета

Пакистан тврди дека авганистанските талибанци имаат борци на ТТП, додека талибанската влада во Авганистан инсистира дека не дозволува никој да користи авганистанска почва за насилство против која било земја.