Бомбаш самоубиец се разнесе во Пакистан: 52 загинати, над 50 повредени

Сподели со своите пријатели

Најмалку 52 лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во експлозија на бомба на верски собир во провинцијата Балучистан во југозападен Пакистан, соопшти полицијата, додавајќи дека најверојатно станува збор за самоубиствен напад.

Loading...

Југозападната провинција Балучистан во минатото беше место на напади од исламистички и сепаратистички милитанти.

Експлозијата се случила во близина на џамија за време на верска поворка одржана по повод роденденот на пророкот Мухамед.

„Се чини дека станува збор за самоубиствен напад. Бомбаш самоубиец активирал експлозив во близина на возилото на заменик началникот на полицијата“, изјави висок офицер на локалната полиција Џавед Лехри.

Жртвите биле пренесени во болница во блискиот град

Ниту една група се уште не ја презела одговорноста за нападот.

Техрик-е Талибан Пакистан, чадор група за различни радикални сунитски исламистички групи, негираше дека го извршил нападот.

Жртвите биле префрлени на лекување во болниците во блискиот град Мастунг.

Министерот за внатрешни работи Сарфраз Бугти ја нарече експлозијата „многу грозоморен чин“.

Loading...

Во јули, повеќе од 40 луѓе беа убиени во самоубиствен бомбашки напад во северозападниот дел на земјата на состанок на верска политичка партија.