Боки 13 осуден на девет, Јанева на седум години затворска казна

Сподели со своите пријатели

Деветнаесет години е вкупната затворска казна за случајот „Рекет“, а најголема е онаа на Боки 13ка, односно Бојан Јовановски кој доби вкупно девет години затвор.

Loading...

Јовановски за двете кривични дела е осуден со две затворски казни од по 5 години или единствена казна затвор од 9 години, сметајќи го времето поминато во притвор.

Судот ја осуди Јанева на 7 години затворска казна сметајќи го времето поминато во притвор.

Во описот на обвинителниот акт покренат од Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, се вели дека обвинетиот Бојан Јовановски, влијаел врз обвинетата Катица Јанева, за таа да донесе поблаги мерки против Јордан Камчев, обвинет во предметот „Империја”, случај кој го почна поранешното Специјално јавно обвинителство.

Leave a Reply