Боинг се соочува со нов свиркач: Инженер тврди дека делови од авион може да отпаднат

Сподели со своите пријатели

Американската федерална управа за воздухопловство (ФАА) ги истражува наводите на инженерот „свиркач“ од компанијата „Боинг“, кој тврди дека делови од трупот на 787 Дримлајнер се неправилно споени и дека може да се одвојат за време на летот.

Loading...

Инженерот Сем Салехпур, кој работеше на производството на авионот, ги детализираше своите тврдења во интервјуата за Њујорк Тајмс и во документите испратени до Федералната управа за авијација.

Портпаролот на агенцијата потврди дека ги истражува тврдењата, но одби да коментира.

Салехпур, кој е вработен во Боинг повеќе од една деценија, рече дека проблемите произлегуваат од промените во начинот на склопување и спојување на огромните делови на производната линија.

„Авионот доаѓа во неколку парчиња, сите од различни производители, и тие не се со иста форма каде што се спојуваат“, рече тој.

Боинг призна дека овие проблеми постојат, но портпаролот на компанијата, Пол Луис, рече дека „тие не влијаат на безбедноста или на корисниот век на авионот“, пишува Њујорк Тајмс.

„Боинг изврши опширно тестирање на Дримлајнер и утврди дека ова не е непосреден безбедносен проблем. Нашите инженери завршуваат сложена анализа за да утврдат дали може да има долгорочни грижи за замор на целата авионска флота“, рече Луис.

Во подоцнежната изјава, Боинг рече дека е „целосно уверен во 787 Dreamliner“, додавајќи дека „тврдењата за структурниот интегритет на 787 се неточни и не ја претставуваат сеопфатната работа на Боинг за обезбедување на квалитетот и долгорочната безбедност на авионот.

Loading...

Ројтерс известува дека обвинувањата на инженерот-свиркач потекнуваат од „работа на авиони со широка карта 787 и 777“, јави Танјуг.

Салехпур тврди дека „се соочил со одмазда, како што се закани и исклучување од состаноците, откако ги идентификувал инженерските проблеми што влијаеле на структурниот интегритет на авионот и тврдел дека Боинг презел кратенки за да ги намали тесните грла за време на склопувањето на 787“, велат неговите адвокати.

Тој ќе се појави на сослушување во Сенатот на Капитол хил на 17 април, за да пред одборот за национална безбедност и управа биде испрашуван од страна на сенаторот Ричард Бументал, кој ќе му поставува прашања за проблемите во Боинг.