Бои за тетовирање, џоинти и девизи запленети на Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија два обиди за криумчарење марихуана и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, лекови, бои за тетовирање, лепила, транспортни ремени, контактори, украси за огради, облека, ловечка пушка и муниција и фалсификати, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Вкупно 25 бои за тетовирање Eternal Inк од по 30 ml биле откриени при контрола на германски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените бои, пронајдени во ранец сместен во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

 

Loading...

boi-za-tetoviranje

 

При контрола на турски автомобил управуван од турски државјанин, пријавен за излез од државата, на граничниот премин Табановце автопат, во преградата на левата врата била пронајдена кутија од цигари со два џоинти, за кои тестерот за дрога покажал присуство на марихуана. Лицето и дрогата се предадени на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.

Девизи во износ од 12.300 евра биле откриени во два одвоени случаи на граничниот премин Табановце автопат, при лични претреси на двајца македонски државјани.

 

devizi-zaplena1

 

Во првиот случај, возач на хрватски автомобил, пријавен за влез во државата, пријавил дека со себе носи 10.000 евра, но при извршениот личен претрес, под облеката, во пределот на стомакот, биле пронајдени уште 7.300 евра. Согласно законските прописи на возачот му биле вратени 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата, додека 7.300 евра се привремено задржани. За сторениот прекршок против возачот ќе биде поведена  соодветна постапка.

 

devizi-zaplena

Loading...

 

Во вториот случај, во џеб од фармерките на возач на македонски автомобил, пријавен за влез во државата, биле пронајдени 15.000 евра. Согласно законските прописи, на возачот му биле вратени 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата, додека 5.000 евра се привремено задржани. За сторениот прекршок против возачот ќе биде поведена  соодветна постапка.