БМВ планира да ја зголеми продажбата за половина милион автомобили

Сподели со своите пријатели

Глобалната продажба на автомобили во 2019 година засега е во пад, но баварскиот производител очекува негативниот тренд да се промени и планира значително да го зголеми производството во текот на следните пет години.

Loading...

Според Auto News, БМВ ќе го зголеми производството за најмалку 2 до 3% на годишно ниво до 2025 година. Затоа, планот е да се изградат две нови фабрики, едната во Кина, а другата во Европа.

Доколку овој план се оствари, БМВ ќе го зголеми вкупното производство за 500.000 возила до 2025 година.

Инаки, германскиот производител испорача околу 2,5 милиони автомобили ширум светот во 2018 година.

Кина ќе продолжи да биде еден од најважните пазари за поставување модели на БМВ, бидејќи продажбата на автомобили БМВ во најнаселената земја се очекува да се зголеми од 400.000 на 650.000 на годишно ниво.

Leave a Reply