Блинкен се сретна со Макрон во Париз: Силна поддршка за украинската борба

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се сретна во Париз со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти Стејт департментот.

Loading...

„Секретарот Блинкен и претседателот Макрон ја потврдија својата силна поддршка за украинската борба за слобода против руската агресија“, се вели во соопштението.

Се додава дека двајцата официјални лица се согласиле за важноста да се спречи ескалација на конфликтот во Газа, вклучително и избегнување на ескалација во Либан.

Покрај тоа, тие разговараа за предизвиците што ги носи Кина и напорите за зајакнување на глобалната безбедност на храната.