Блинкен денеска на Блискиот Исток, со планови за посета на Израел

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ќе отпатува во посета на Блискиот Исток, вклучително и Израел, во време на засилени дипломатски консултации фокусирани на конфликтот меѓу израелската армија и Хамас во Појасот Газа, изјави неименуван американски претставник.

Loading...

Според истиот извор, кој синоќа даде изјава за новинарите во Вашингтон, американскиот дипломатски пратеник Амос Хохштајн ќе го посети и Израел, пренесе Ројтерс.

Блинкен ќе замине во четврток вечер, „застанувајќи во неколку големи градови, вклучувајќи го и Израел“, рече американскиот функционер, кој не сакаше да биде именуван.

Американскиот претседател Џозеф Бајден телефонски разговараше во последните денови со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во обид да се подобри испораката на хуманитарна помош за населението во Газа и да се постигне ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас.