Благ пад на бројот на новозаразени и смртни случаи изминатата недела во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (06.09 – 12.09) бројот на нови случаи во Куманово е 282, а активните случаи во Куманово се намалени и нивниот број изнесува 898, заклучно вчерашната статистика на Министерството за здравство.

Loading...

Вкупно 282 нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово (заедно со Липково) во текот на изминатата недела.

Тоа е намалување ако се земе предвид дека неделата претходно во Куманово биле регистрирани 310 случаи и пред точно седум дена бројот на активни случаи изнесувал 927.

 

 

Во изминатата недела битката со вирусот ја загубиле 12 лица од Куманово и Липково, што исто така е намалување во споредба со минатата недела кога на вирусот подлегнале 15 лица.

Најмногу нови случаи за еден ден се регистрирани во петок, вкупно 54.

Loading...

Досега оздравени во Куманово се вкупно 9.380 од лицата кои биле позитивни на вирусот.

Вкупно 412 пациенти од Куманово починале од почетокот на епидемијата како резултат на компликации со вирусот, со што е на четврто место зад Скопје, Прилеп и Тетово.

 

 

Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани вкупно 10.697 случаи позитивни на коронавирусот со што е на второ место во државата според бројот на заразени, веднаш по Скопје со 79.093 случаи.

Од вкупната бројка на заразени, во овој момент активни се 13.412 случаи во целата држава. Пред Куманово во однос на активни случаи се Скопје и Тетово.

На ниво на државата од почетокот на епидемијата се регистрирани 183.523 случаи, од кои во моментот се активни 13.412. Излекувани се 163.852, а починати 6.259 пациенти.

Loading...

Никола Ивановски

Извор: Министерство за здравство и gdi-sk