БИЗАРНА БУРА ВО КИНА: Град, ракчиња и октоподи паѓале од небото

Сподели со своите пријатели

Морски ѕвезди, ракчиња и град со големина на тениски топчиња паѓале од небото за време на бизарната бура кој го погодила кинескиот град Куингдао.

Неверојатни фотографии со ракчиња, морски ѕвезди кои паѓаат на шофершајбни, објавени се на социјалните мрежи, пренесува Индепендент.

Одредени корисници на Твитер непогодата ја нарекла „дожд од морски плодови“. Поставиле и фотографии од град со големина на тениски топчиња, а кој нанел голема штета врз зградите и автомобилите.

Одредени корисници на шега поставиле и хумористични фотографии од октоподи, за кои се испоставило дека се монтажа.

„Индепендент“ наведува дека „дождот“ од морските суштества можел да дојде така што бурата ги зела од океанот и фрлила на улица, но има и другит еории дека бурата ги разнела од блискиот пазар на патиштата.

Leave a Reply