Бизарен предизвик, возачите изгледуваат од автомобилот и играат, а зад воланот нема никој (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На социјалните мрежи започнат е нов, бизарен предизвик во кој луѓето сериозно можат да се повредат, а во екстремните случаи и да страдаат. Наместо само да играат со ритамот на музиката, тие се снимени како излегуваат од автомобилите во движење.

Шпанскат аполиција предупреди на опасност од оваа нова лудост на интернет која танцовиот предизвик го доведе до крајни граници, пишува Дејли мејл.

Во прашање е предизвикот „Во моите чувства“ кој е познат и како „Кики предизвик“, а шокантните снимки го преплавија интернетот.

На интернет кружи нов бизарен предизвик кој буквално ќе ве шокира (ВИДЕО)

Loading...

Наместо само да изведуваат оргинални движења на интернет комичарот Шиги, корисниците на социјалните мрежи се снимени како скокаат од автомобилите во движење.

Полицијата стравува дека предизвикот отишол предалеку и предупредува на последици опасно по живот.

Имено, полицијата истакнува дека луѓето можат сериозно да се повредат и да страдаат додека излегуваат од возилата, а потоа продолжуваат да играат од страна на патот.

„ФИНСТАГРАМ“ – Нов бизарен тренд на социјалните мрежи

Шпанија е само една од земјите која е погодена со овој бизарен предизвик, а како што пренесуцаат медиумите, голем број луѓе се здобиле со повреди.

– Автомобилот не е играчка, користете го внимателно и со одговорност, предупредува шпанската полиција.

На снимките се гледаат и девојки и момчиња како скокаат од возилото на пат, додека зад воланот нема никој.

https://www.youtube.com/watch?v=KFIB0-inQro&feature=youtu.be

Leave a Reply