Била зависничка, ослабнала 40 килограми и го сменила животот од корен: Оваа ријалити ѕвезда сега изгледа неверојатно

Сподели со своите пријатели

Реалити sвездата Кели Озборн целосно се трансформираше откако изгуби дури 40 килограми.

Loading...

Таа не крие дека операцијата на стеснување на стомакот,  која и била направена пред две години, и помогнала на патот до слабеење.

„Да, бев на операција. Се прашувам што ќе кажат другите! Јас го направив тоа и горда сум”, рече таа минатата година на еден подкаст кога призна дека тоа е најдоброто нешто што го направила некогаш.

 

 

Кели не сака луѓето да мислат дека само операцијата е одговорна за нејзината драстична промена. За да може операцијата да биде успешна, таа морала да тренира и да се храни здраво.

„Порано сакав да ослабам за луѓето да ме прифатат. Овој пат … Јас ослабев заради себеси и се чувствувам одлично!”, Напиша таа во еден пост.

Loading...

Кели вели дека луѓето почнале да забележуваат дека таа ослабела само откако можело да се забележи на нејзиното лице, што се случило по неколку инјекции, кои и помогнале при болка во вилицата.

„Тоа промени сè на моето лице! Вилицата изгледаше потесна”, рече таа.

Луѓето велат дека не ја препознаваат и дека претерува со пластична операција, по што е позната нејзината мајка Шерон Озборн (68).

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelly Osbourne (@kellyosbourne)

 

Кели, бидејќи изгледала како „мала кнедла“ не сакала да оди во теретана каде што имало само слаби луѓе.

Loading...

„Пред операцијата, морав да го сменам умот, а потоа и своето тело. Првото нешто што требаше да направам е да станам среќна”, објасни таа, додека се фокусираше на промена на ставот и трезвеноста.

Престанала да пие, но оваа година открила дека подклекнала кога во друштво испила чаша шампањ, која набргу се претворила во три шишиња шампањ на ден.

Сфатила дека не е сè под контрола и си ветила дека ќе се врати на трезвеноста.

„Јас сум зависник и мислев дека сум доволно трезна да пијам како нормална личност, но се чини дека не можам и никогаш нема да бидам нормална“, опиша Кели.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelly Osbourne (@kellyosbourne)

Leave a Reply