Биенална изложба „Скици 2022“ гостува во Бугарија

Сподели со своите пријатели

Во Уметничката галерија „Цвета Шуманова” Велинград, Бугарија, во петок со почеток од 17:30 часот ќе биде отворена биеналната изложба „Скици  2022“

Loading...

Изложбата се организира како резултат на добрата соработка помеѓу НУ Центар за  култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово и Уметничката галерија “Цвета Шуманова” – Велинград. Овој меѓународен проект ќе биде дел од програмата на јубилејното 50-то издание на Велинградските денови на културата во организација на Општина Велинград и Уметничка галерија “Цвета Шуманова”- Велинград Р. Бугарија

Осмото издание на биеналната изложба на цртежи „Скици 2022“ е проект на НУ Центар за  култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово којшто е дел од годишната програма на Министерство за култура на РС Македонија. Изложбата претставува континуиран напор за реализација на идејата – цртежот како ликовна дисциплина и понатаму да биде актуелизиран и промовиран пред пошироката публика и ликовната критика.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца кумановци, полицијата им пронашла различни видови наркотици

Можноста за вклучување на повеќе категории на ликовни уметници (сликари, графичари, скулптори) како и слободата во изборот на техниката и темата понуди разновидни инвентивни цртачки решенија базирани пред сè на индивидуални афинитети и изразни можности.

Цртежите се дадени како почетна идеја за реализација на подоцнежни визуелни решенија но дел од нив се конципирани како комплетни автономни завршени ликовни дела способни независно да егзистираат во просторот.

Личниот творечки печат на 14-те автори од повеќе генерации како и специфичниот третман на цртежот се главната карактеристика на оваа цртачка збирка од 27 цртежи во разни формати.

Но, она што ги поврзува е, секако, афинитетот кон креативното изразување,  слободата којашто ја дава цртежот како и специфичната ликовна естетика креирана инстантно и непосредно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тренер физички нападнал спортист во Куманово

На изложбата зедоа учество следните академски ликовни уметници од Куманово: Зоран Јакимовски, Мухамедали Алили, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Дејан Арсовски – Бабата, Зоран Арсовски – Бабата, Милена Арсовска, Симона Јакимовска, Александар Стефановски, Ана Јовановска, Валентина Илијевска, Стефан Анчевски, Марија Величковска и Симона Димковиќ.

Loading...

Интегрално соопштение