БИБЛ: Куманово го пречекува Ибар Рожаје

Сподели со своите пријатели

По втората долга изолација, кошаркарите на Куманово повторно се враќаат на терен.

Loading...

Прв противник во 2021 година ќе им биде составот на Ибар Рожаје, кој утре со почеток во 17 часот го пречекуваат на домашен терен.

Последниот меч во БИБЛ кумановци го одиграа на 18ти декември кога го совладаа бугарскиот Академик Пловдив, по што поради појава на коронавирус кај дел од играчите, целиот клуб замина во изолација.

Утрешниот меч токму поради протоколите за заштита од коронавирусот, ќе се одигра пред празни трибини во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

Никола Ивановски

Leave a Reply