БИБЛ: Куманово денеска го пречекува црногорскиот Теодо

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово денеска со почеток во 17 часот продолжуваат со натпреварите во рамките на регионалната БИБЛ лига.

Loading...

На домашен терен го пречекуваат составот на црногорскиот Теодо од Тиват.

По долгите паузи поради коронавирусот кој владееше низ македонската кошарка, Куманово денеска ја продолжува својата битка за нови победи. Откако во минатото коло загуби од составот на ТФТ од Скопје, денеска ќе брка победа.

Во меѓувреме додека траеја паузите Куманово се засили со српските интернационалци Ненад Живчевиќ и Еди Синадиновиќ.

Натрепварот ќе се одигра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“, но пред празни трибини согласно протоколите за заштита од ширње на коронавирусот.

Никола Ивановски

Leave a Reply