Без вода повеќе улици во Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе улици во Куманово денеска ќе бидат без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во снабдувањето ќе има кај корисници од улиците: „Егејска Македонија“, „Правда Спасовска“, „Вера Которка“ (сектор Варта), „Ѓорче Петров“ (сектор Гладно поле), улицата „150“ во населбата Карпош, како и улицата „Народна Револуција“ бр. 78 и околните објекти.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски