Без вода повеќе локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во Куманово денеска ќе бидат привремено без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини денеска во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улиците „11 Ноември“ бр. 190 и околните објекти, „11 Октомври“ бр. 78, „29 Ноември“ бр.14, населбата Јане Сандански, булеварот „Октомвриска револуција“ (сектор Метал-нет), како и улицата „Пробиштипска“ бр. 13.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски