Без вода пет локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Пет локации во Куманово денеска се без вода, поради дефекти на дистрибутивната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини со водоснабдувањето денеска има на улиците „Трајко Прокопиев“, „Веселин Маслеша“, „Перо Илиевски“, населбата  Ајдучка Чешма и м.в. Пчински пат.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски