Без вода пет локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Пет локации во Куманово денеска се привремено без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини има на улиците „Индустриска“, „30 Јули“ бр. 1, „Славиша Вајнер“ бр. 12, населбата Средорек, како и улицата „Трајко Јовановски“.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски