Без вода неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово денеска се привремено без вода поради интервенции или дефекти на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини има кај корисниците од улиците „Веселин Маслеша“ (сектор Бара), „Димитрие Туцовиќ“ (сектор хотел Куманово), „Братство и Единство“ (сектор Дом за стари лица, Чистота), село Проевце (сектор Воденица)  и улицата „Црнотравска“.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски