Без вода неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово денеска привремено ќе бидат без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, без вода денеска ќе бидат корисниците од улиците „Народна Револуција“ бр. 160, „Никола Тесла“ бр. 55, населбата Средорек и улицата „Правда Спасовска“ бр. 39.

Во меѓувреме се врши и контрола на главен доводен водоводен вод Ф508.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски