Без вода неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово денеска се привремено без водоснабдување, поради дефекти во водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во снабдувањето денеска ќе има на улиците „Србо Томовиќ“, улица „400“ во населбата Иго Тричковиќ, улица „Ивло Лола Рибар“ (Пазарче), како и населбата Железничка станица и месноста Гладно поле во населбата Перо Чичо.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски